Македонскиот глумец Сашко Коцев на „Фејсбук“ објави слика на која е со побелена брада и брчки на лицето. „Додека чекаш она да одлучи што да нарачаме“, се пошегува тој на своја сметка. Сликата која е направена со апликација ги насмеа фановите. „Остаре и ти брат преку ноќ“, „Тоа е, прослави годишнина од брак, и сега старееш“, „Смиљана, го остаре човекот“, му порачаа во коментарите.
Популариот актер пред неколку дена славеше 8 години брак со сопругата Смиљана. На годишнината, тој сподели неколку заеднички слики. Двојката во 2017 година ја доби ќерката Јоана.