(Фото) Се омажи мајката на Викторија Лоба, пејачката меѓу деверушите на свадбата во Охрид

Викендов се омажи Татјана Луговаја мајката на поп–пејачката Викторија Лоба. Таа објави фотографии од венчавката на мајка ѝ која се се одржа во Охрид во црквата Света Софија.

Лоба беше една од деверушите кои се појавија во син фустан, а Татјана носеше традиционална нежна бела венчаница.

Пејачката ретко споделува семејни фотографии, а кога ќе објави многумина ѝ даваат комплименти за изгледот и велат дека ја наследила убавината од мајка ѝ.

За потсетување, Лоба е родена во Таганрог, Ростовска Област, а на 8 години се преселила со мајка ѝ во Македонија. Во 2019 година доби и македонско државјанство.

 

 

Scroll to Top