(Фото) Се омажи Марија Груевска, пејачката прави свадба која ќе трае три дена со сите обичаи, а меѓу 600 гости стигнаа и колегите од „Гранд“

By

Марија Груевска се омажи за партнерот Синиша Стојаноски. Како што претходно најави пејачката свадбата ќе трае три дена. Уште првиот ден имаше 600 гости, а меѓу нив беа и колегите од „Ѕвездите на Гранд“, Александар Јосифовски и Марио Арангеловски.

dobivaj vesti na viber

Заедно со пејачот Виктор Апостоловски ги забавуваа гостите. Свадбата беше со сите традиционални обичаи. Го имаше традиционалното бричење на зетот и одењето по невестата.

На крајот склучиа граѓански и црковен брак, кој заедно со прославата ги направија на отворено во близина на манастир во Битола. Марија го избра невестинскиот фустан, а инспирација добила од цртаниот „Малата сирена“. Корсетот и чантата која ја носеше се изработени од школки.

Марија, која публиката ја запозна преку шоуто „Ѕвездите на Гранд“, се сврши лани во декември со својот дечко Синиша. Тој се појави и во последниот спот на пејачката за песната „Горим сва“.

За потсетување, Груевска го освои жирито на „Гранд“ со својот уникатен избор на облекување и интересниот начин на пеење. Еден од нив беше настап со змија, подоцна се појави и во костим со маски за кој добила идеја од венецискиот карневал. Таа носеше и креации од дизајнерот Златко Јовановски, па Карлеуша, која во тоа време беше дел од жирито, често го фалеше нејзиниот моден избор.

 

Ќе ви се допадне