(Фото) Се ожени диџеј Мац, кумови им беа Димитар и Сара Мејс

Диџеј Марјан Мац Петровски познат и како диџеј Мац, денеска се ожени со девојка си Татјана Јованова. Свадбата ја направија со сите адети, а кумови им беа водителот Димитар Атанасовски и пејачката Сара Мејс.

„Отидоа парите за децата“, рече Сара која додека им лепеше пари на музичарите, Димитар играше качен на тапан. Татјана за свадбата носеше бел невестински фустан, а диџеј Мац класично црно оддело.

 

Scroll to Top