Голманот на „Арсенал“, Дејан Илиев, се ожени со својата девојка Нина Стојменовиќ. Тој на социјалните мрежи објави фото од венчавката, а меѓу првите му честита легендарниот голман на „Челси“ и „Арсенал“, Петр Чех.
Веста дека ќе се жени 26-годишниот Дејан претходно ја објави на социјалните мрежи со фотографија на која Нина го покажа свршеничкиот прстен.
Дејан во „Арсенал“ дојде од „Беласица“ и првпат потпиша договор со клубот во 2012 година кога беше втор голман на младинскиот тим. На почетокот на оваа сезона тој беше избран за втор голман на трофејниот клуб од Лондон, а потоа со заем неколку месеци бранеше за англискиот „Шрузбери таун“.
Дејан бранеше за Македонија на Европското првенство до 21 година, што се одржа во Полска 2017 година.