Водителот Гоце Андреевски од „Телма“ ќе се жени. На летување во Охрид тој ја побара за жена својата девојка Даниела Арсовска. Таа објави слика од свршеничкиот прстен и откри дека се свршиле.
Гоце е познат по тоа што не открива многу за приватниот живот, но во последниот период често споделуваше слики со девојката.
Во моментот тој ја води емисијата „Црвена линија“, но во јавноста е најпознат како Гоце од „Утринска на Телма“, која ја водеше четири години заедно со Цеце Трајковска, Марко Марк и Елена Митева. На „Телма“ веќе неколку години ги води и емисиите поврзани со ракометните првенства. Претходно, работеше како водител во „Алфа“.