(Фото) „Секогаш ќе бидам тука за тебе“, синот на Панчо славеше роденден

Панчо од ДНК  го прослави 6. роденден на својот помал син Марјан. Тој сподели фотографија од забавата на синот и остави честитка во која му порача дека секогаш ќе биде тука за него.

„Со Маки наполнивме 6 години. Сѐ што ти посакувам е да си вечно здрав, среќен, насмеан и безгрижен. Тоа што сигурно го знам е дека секогаш ќе бидам тука за тебе, да ти ги отварам сите врати и заедно да ги пребродуваме сите убави и неубави моменти. Те сака тато, твојот вечен слуга“, напиша Панчо во честититката.

 

 

Scroll to Top