Тоше Проески ќе го прославеше својот 44-ти роденден, ако не беше страшната сообраќајна несреќа што ја одзема неговата младост во 2007 година. Овој ден е исполнет со тага не само за Македонија, туку и за целиот регион и, секако, за неговото семејство, кое го загуби на само 26 години.
Сестрата на Тоше, Дора Проеска, не заборави да нѐ потсети на својот брат и на овој емотивен ден. Таа се огласи на социјалните мрежи, споделувајќи емотивна порака и покажувајќи дека нејзините мисли се со него, и покрај тоа што тој повеќе не е тука.
Дора сподели фотографија од тортата која ја подготви за овој ден. Тортата е украсена со ангелски крилја, крст и името на Тоше.