(ФОТО) Шеќеринска јавно го разнежни сопругот  

Божидар Јанковски, познат какао Бобо Дајнерс, беше гостин во емисијата на Дргана. Б. Костиќ, која се емитува на телевизијата 24 Вести. Бобо Дајнерс, сопруг на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска е урбан скопски лик. Во емисијата откри дека речиси никој не го знае по вистинското име, туку по прекарот. Зборуваше за неговите родители, неговата мајка, новинар во Македонското радио и  неговиот татако кој свирел контрабас, но откри и дека има помали брат и сестра, близнаци.

„Јас бев прво дете во семејството, размазено и секако бев центар на винамние. Сакав да излегувам, работам од млад, затоа и покасно завршив факултет. Имав притисок и од дома, зошто на времето беше, ако немаш диплома, немаш ништо“, открива Божидар Јанковски. Зборуваше за култните скопски жуки, за излегувањето во „Пирамида“, „Бони“ и „Ани“.

 

Среде емисијата, Дарган Б. Костиќ, му направи изненадување кое Бобо го не го очекуваше. Откако неговата ќерка, Ада, на својата мајка, Радмила, некогаш одамна и нацртала цртеж за да и покаже колку ја сака, тоа не го направила за својот татко. Па така, во емисијата  пристигна постер-цртеж од ќерката на минсерката Ада, која заедно со својата мајка Радмила, го опишаа како најдобриот татако кој помага на други луѓе и свири гитара. Откако се созема, Бобо рече дека ова не го очекувал, тука во емисија но дека многу го разнежнило. „Немам зборови, некогаш  човек навистина не знае што да каже“, рече Бобо.

Scroll to Top