(Фото) Шеќеринска на планинарење со татко ѝ: Фамилијата останува засекогаш

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, утрово беше на планинарење со нејзиниот татко Сашо, кој има 72 години. Таа на социјалните мрежи објави слика од нивното дружење.

„Татко, ќерка, планина, стадо… а овчарското куче? Шарпланинец не е шала“, напиша таа на „Фејсбук“.

„Секоја чест за блискоста што ја негувате со фамилијата. Кариерата поминува, фамилијата засекогаш останува“, „Нема поголема радост кога таткото ќе ја види ќерката и таа ќе му посвети барем малку внимание“, се дел од коментарите што ги доби министерката.

Шеќеринска, откако стана министерка, често споделува фотографии на својот фејсбук-профил, но не само од она што го работи, туку и приватни.

Scroll to Top