(Фото) Синот на Хелена наполни една година

Поранешната водителка Хелена Роза му честиташе роденден на својот син Тиан. На „Фејсбук“ Хелена напиша „Среќен роденден Тиан. Среќичке моја малечка, а толку голема. Те љубам многу, најмногу“.

Под коментарот објави фотографија од Тиан, со срценца.

 

Под фотографијата доби многу коментари и лајкови со честитки за роденденот.

Во интервју за „Репортер“ Хелена пред неполна година раскажа како се породила.

„Не можев да поверувам кога во државната клиника добив брошура пред породувањето, од која требаше да изберам како сакам да се породам, со музика, без музика, во вода, во кревет, на јаже… јас избрав ѕвездено небо и нежна музика“, раскажа тогаш Хелена за „Репортер“.

 

Scroll to Top