(Фото) Синот на Перо Камиказа наполни 30 години, три генерации на семејството славеа роденден

By

Перо Георгиевски – Камиказа, еден од членовите на групата „Меморија“, се пофали дека неговиот син Христијан го прослави 30. роденден. Тој сподели семејна слика на која е со синот и со неговиот татко, па откри дека тројцата мажи заедно сега имаат 180 години.

„Три генерации. Од денес со 30ката на Христијан заедно правиме 180 години. Ете ме. Да не ме мислите. Ви благодарам за грижата и за убавите зборови. Сполај ти боже на можноста за ова гото. Среќен роденден синко“, напиша Камиказа на сликата.

Популарниот музичар и поранешен актер, кој последниве години активно тренира и трча маратони, неодамна беше згрижен на клиниката за кардиологија. Откако беше пуштен на домашно лекување, тој откри дека 17 дена лежел во болница, а дека лекарите му дијагностицирале пулмонална емболија со тромб на левата нога, често заболување кај спортисти.

„Јакото срце ми го спаси животот. Затоа трчајте и правете го тоа што го сакате“, напиша тогаш Перо Камиказа на „Фејсбук“.

Ќе ви се допадне