Водителката Ирена Спировска леташе со параглајдер над Галичица. Таа објави фотка како лета над езерото и собра позитивни коментари како „браво за храброста“. Не е тајна дека Ирена е зависна од адреналин, а една од нејзините најголеми страсти е планинарењето. Таа често искачува планински врвови. Лани се искачи на Мусала, највисокиот врв на Балканот, кој се наоѓа во Бугарија на надморска висина од 2.925 метри.