Пејачите од „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска и Александар Гуте Маринковиќ, чекаат син. Тие најправија штосна фотосесија за да го откријат полот на бебето што ќе се роди на пролет.
„Која ви е омилена боја? Мене ми е сината, ама тоа сега не е темса на муабет. Сине мој, возбудени сме и те чекаме да ни ги разубавиш животите“, напиша Гуте на „Инстаграм“.
За потсетување, Елена и Александар се запознаа лани на снимањето на шоуто, а се верија по пет месеци врска. Гуте ја побарал Елена за жена на нејзиниот 26. роденден. Двојката склучи граѓански брак минатиот месец во Србија, а на крајот на февруари ќе прават свадба во Македонија. Заради бременоста, Елена неодамна откри дека го прекинува учеството во шоуто и дека нема да ја заврши оваа сезона.