Примабалерината Александра Мијалкова, сопруга на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, сè уште ја живее Клеопатра. Балетската улога со која таа прослави јубилеј 25 години кариера не ѝ дозволи да им одолее на прстенот и синџирчето со ликот на Клеопатра.
Сандра објави фотографии со новиот накит, а се пофали и дека се освежува со коктел во хотелот „Мериот“.
Примабалерината, неодамна кажа дека Клеопатра е една од нејзините најомилени улоги и се надева дека балетската прсетава, која е тргната од репертоартот од МОБ, наскоро ќе ја вратат.