(Фото) Срце на стомакот: Нина Деан покажа дека е среќна трудница

Актерката Нина Деан  на пролет ќе стане мајка. Таа и нејзиниот партнер Мартин го очеуваат нивното прво бебе, а Нина веќе и сподели на социјалните мрежи. Таа објави фотографија на која е сликана со срце на трудничкиот стомак и напиша „ Безусловно“. „ Пресреќна сум. Никогаш не ми било вака и сигурна сум дека Мартин се појави за да го исцртаме и затвориме кругот. Не се двоиме, се смеееме, се сакаме, едноставно знаеме дека сме еден за друг и тука нема некоја филозофија. Среќата нè одбра нас, а и ние неа. Бебето само е потврда дека нештата се таму каде што им е местото“, вели Нина за бебето што го очекува.

Scroll to Top