(Фото) Стефан Лазаров на Камп Ноу во Барселона ја побара Марта за жена

Се сврши познатиот македонски јутјубер и водител Стефан Лазаров. Девојка му Марта ја запроси си на стадионот Камп Ноу во Барселона за време на натпреварот со Елче. Стефан е голем фан на Барселона и за првпат го гледа омилениот клуб во живо.

dobivaj vesti na viber

Со Марта се веќе неколку години во врска, а таа често се појавува и во неговите видеа на „Јутјуб“. За потсетување, Стефан неодамна ја промовираше и песната „Пари“.

Видеото го снимаше во Грција, со моделот Сара Дојчиноска, а режисер е Томислав Живковиќ. Текстот, музиката и аранжманот на песната се на „Два бона“.

Во исто време ја прослави и двегодишнината од отворањето на својот јутуб канал, кој во моментов има скоро 70 000 следбеници.

 

Scroll to Top