(Фото) Сузана Гавазова ги подарува омилените фустани на дами по случаен избор

Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова реши да направи хуман гест со дел од својата облека. Таа подарува шест фустани за кои вели дека ѝ се омилени и кои имаат особено значење за неа.

„Овие прекрасни фустани, кои се од особено значење за мене, ги подарувам на шест добитнички по случаен избор“, вели Гавазова.

Таа побара да ја следет на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“, каде што ќе даде инструкции што да направат. На добитничките лично ќе им се јави и ќе ги објави на фан-страницата. Наградната игра е до петок.

 

 

Scroll to Top