(Фото) Талат од „Преспав“ го покажа помалиот брат

Публиката го засака Талат од Џепчиште, рецепционерот во пансионот „Преспав“, оти со секоја своја реплика ја засмејува публиката. Зад Талат се крие актерот Дритон Вејсели, кој исто така знае да ги насмее своите следбеници на социјалните мрежи.

Дритон неодамна објави слика на која во неколку чекори покажа како изгледа без брада. Иако многумина помислија дека Дритон изгледа многу младо кога е избричен, тој откри дека на последната слика не е тој, туку неговиот помал брат кој с уште нема брада. Дритон има уште еден брат, и за него скоро откри дека е музичар.