(Фото) Тамара избра да биде секси за „Бела ноќ“

Поп-пејачката Тамра Тодевска беше дел од „Бела ноќ“ викендов во Скопје кога на паркингот на  спортската сала „Борис Трајковски“ се пееја најпознатите рефрени на концертот „Скопските евергрини“.

Тамара го привлече вниманието со стилот за што фановите ѝ пишуваа дека изгледа баш секси така облечена. Високите чизми само ја надолнија комбинацијата да биде уште повпечатлива, па  пејачката овој пат ги собра сите комплименти.

Во саботата на „Бела ноќ“ најпознатите скопски хитови беа изведени од најголемите македонски музички ѕвезди – Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Јаков Дренковски, Дарио и други во придружба на „Баги Биг бендот“, под диригентската палка на Љупчо Мирковски.

На „Белата ноќ“ вкупно на десет локации беа одржани 23 настани мултимедијални проекти, ликовни изложби, тетатарски претстави, филмски проекции.

 

Scroll to Top