(Фото) Тамара Тодевска има нова тетоважа

Поп-пејачката Тамара Тодевска се пофали дека има нова тетоважа. Таа на „Инстаграм“ ја покажа својата нова тетоважа на десната рака. По химната таа сега си истетовирала балон.

Тамара претходно под градите ја истетовира строфата од химната што ја згреши пред една година на настапот пред американската амбасада.

„Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“, е тетоважата што таа тогаш ја направи и ја покажа на „Инстаграм“.

„Ветено, сторено“, напиша тогаш пејачката.

Тамара неодамна во интервју за Репортер првпат проговори за згрешената химна поради што многумина ѝ се налутија. Таа призна дека и сега не може да си ги прости грешката и нејзината непрофесионалност, но ни рече дека ништо не било намерно како што се зборуваше во јавноста долго време.

„И сега се нервирам кога ќе се сетам на тоа. Не можам да го заборавам тоа утро кога ме разбуди сопругот да ми каже што сè се пишува за мене. Реков, добро, ќе се извинам, ќе си кажам како е, ќе ме сфатат. Но, не. Никој не ти верува. Не можам да си ја простам мојата непрофесионалност,  јас го згрешив текстот кој мислев дека го знам. И како да докажам дека е така и дека не сум се продала како уметник за никакви пари“, ни раскажа Тамара во интервјуто.

 

Scroll to Top