(Фото) Тазе породена Аделина за сопругот облече чипка

Откако се породи пред 18 дена, поп пејачката Аделина Тахири облече секси провокативен фустан и беше дел од забавата на нејзиниот сопруг Серијожа Марков, почесниот конзул на Република Молдавија во Македонија. Тој имаше свечен прием по повод независноста на Молдавија.

Приемот беше во комплексoт Верина Орман, а беа дојдени голем број нивни пријатели и амбасадори. Аделина и Серјожа живеат во овој елитен комплекс, а приемот се одржа во ресторанот, кој е во состав на комплексот.

Пејачкта сподели слики на Инстаграм, и доби комплименти дека многу брзо се вратила во форма.

Scroll to Top