Пејачката Елена Петреска-Толевска и нејзиниот сопруг Андреј вчера прославија 8 години брак во познат скопски ресторан. Со нив беа и двете деца – синот и ќерката Софија и неколку најблиски пријатели.
„Видов дека си совршен и те засакав. Но, тогаш сфатив дека не си совршен, па те засакав уште повеќе“, напиша пејачката покрај сликите што ги објави на социјалните мрежи.
Инаку, Елена пред неколку месеци најави дека се повлекува од поп-сцената, но дека и понатаму ќе остане да работи во МОБ.