(Фото) Tијана и Снеже со топ мускули иако короната ги затвори вежбалните

Пандемијата со коронавирусот можеби пред некое време ги затвори салите и теретаните за вежбање, но тоа не ги спречи луѓето да вежбаат. Оние кои се љубители на спортот, вежбањето и одржувањето на кондиција, најдоа алтернатива, па наместо во сала или теретана, вежбаа дома или на отворено.

Македонската водителка и фитнес инструкторка Снеже Велков денот го започнува со вежбање или со возење на велосипед.

Таа често на социјалните мрежи знае да сподели фотки, видеа од нејзиниот тренинг и да ги мотивира и оние кои се уште не започнале со вежбање.

 

Тијана Дапчевиќ исто така е меѓу оние кои се вратија во тератана и на редовното вежбање, а неодамна во една емисија доби коментари дека никогаш не изгледала подобро.

Таа кажа дека се храни според прогарамата на нутриционисти, а и редовно пешачи и вежба.

И Дапчевиќ во кусите приказни на „Инстаграм“ се пофали со мускулите на раце по напорниот тренинг.

„Се гледа разликата а?“, напиша Тијана

 

 

Scroll to Top