(Фото) Тимур Дибиров во Русија: Москва е најубава за Нова година

Ракометарот на „Вардар“, Тимур Дибиров, Нова година и Божик ќе ги прослави во Москва. Тој на „Инстаграм“ објави празнична фотографија со семејството и се пофали дека, конечно, по една година, пак се во Русија. Лани за празниците Тимур остана во Скопје. Тогаш во интервју за „Репортер“ рече дека му е жал што нема да биде дома за Нова година.

„Москва е најубава во зима, кога врне снег, но оваа година останувам во Македонија поради обврските со клубот. Ќе одиме во Русија в година“, ни рече тогаш Дибиров.

Поради короната, Тимур ни летово не отиде во Русија, иако секоја година на паузата меѓу две сезони е во Москва кај своите родители.

Scroll to Top