(Фото) Топ тело по маката со килограмите: Антониа Гиговска успеа да изгледа поинаку

Пејачката Антониа Гиговска откако симна 16 килограми, пак објави нова фотографија . Ослабена и затегната, таа ги собра  комплиментите дека сега изгледа поинаку. Во разговорот за Репортер, неодамна ни откри дека не и било лесно да ослабе, ама морала да направи нешто за себе.

„Сето ова е со многу упорност, вежбање и со нов начин на исхрана. И сега стојам зад кажаното, дека секоја дама треба да се сака себеси каква што е.  Седев дома и сфатив дека сакам да направам нешто со себе. Многу работи ми се случија оваа година и ме променија како личност, па можеби затоа сфатив дека времето е сега и дека тоа што ќе го направам ќе биде само за мене“, раскажа Антониа за „Репортер“. Големо влијание врз нејзината одлука да почне да слабее е и познаството со Клаудија Адеми, која до сега им помогнала на пејачките Ана Бекута и Инди да ослабат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Scroll to Top