(Фото) Торта и балони за балерината Леа, ќерката на Александра Накова прослави 8. роденден

Ќерката на поранешната манекенка Александра Накова прослави 8. роденден. Леа за роденденот имала виолетови и златни балони како декорација, а свеќата со број осум на роденденската торта ја дувала со нејзините другарки.

Тортата  била во розова и виолетова боја на која била поставена фигура од балерина.

Леа на една од фотографиите прави иста поза како и балерината од нејзината торта, додека на друга шпага пред тортата.

Инаку поранешната манекенка Александра Накова, две години беше во брак со кошаркарот Никола Гајдаџиев со кого ја има ќерката Леа. Накова сега живее во нејзината родна Гевгелија.

Scroll to Top