(Фото) Три генерации Нокшиќи во кафеана: Роденденски ручек за Амернис

Глумицата Амернис Нокшиќи Јовановска го прослави 43. роденден. Таа со семејството беше на ручек во позната кафеана во центарот на Скопје, а сликата на која се и мајка ѝ и ќерките, ја објави на „Фејбук“. „Три генерации Нокшиќи“, ѝ коментираа пријателите кои ѝ го честитаа роденденот.

Амернис во кариерата има одиграно многу улоги, беше дел од актерските екипи кои работат на синхронизација на серии, а беше и дел од кампањата против женското насилство во Македонија, но и кампањата за поддршка на болните од рак во Косово.

Актерката е во брак со новинарот Борјан Јовановски и ги имаат ќерките Бора и Каја.

Scroll to Top