(Фото) Цацко и Димитров го обраа грозјето

Шефот на дипломатијата, Никола Димитров, вчеравечер беше во Кавадрци на гроздоберските свечености на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“.

Освен што се пофали дека „ си каснал вкусно грозје“, Димитров се сликаше со граѓаните. Тој сподели неколку слики на својот фејсбук-профил, а многумина на шега му напишаа дека „го обрал грозјето“. Во Кавадарци се сретна и со Бубо Каров, познат како Цацко Конопишки од некогашната К-15, кој сега е советник во Владата.  „Тиквешки гроздобер“ е долгогодишна манифестација што се одржува секоја година во Кавадарци.

Scroll to Top