Фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас, вчера го прослави 21. роденден. На забавата во јапонски ресторан Елиф славеше со сите фудбалери од клубот и доби торта со фигура со неговиот лик. Сликата од прославата ја објави слика на социјалните мрежи.
„Ова беше прекрасна вечер со моите соиграчи и пријатели. Ви благодарам на сите. Среќен ми 21. роденден“, напиша Елмас на „Инстаграм“.
Фудбалерот, кој игра и за репрезентацијата на Македонија, веќе две сезони настапува за „Наполи“, а неодамна потпиша договор со клубот до 2025 година. Таму замина од „Фенербахче“, а претходно играше во „Работнички“. Елиф наскоро ќе дојде во Скопје, каде што со репрезентацијата ќе игра натпревар против Косово, како дел од квалификациите за Европското првенство во фудбал.