(Фото) Целуфки рано наутро: Игор и Илина во љубов во Јанче

Актерот Игор Џамбазов и алпинистката Илина Арсова не престануват да споделуваат фотографии откако се во љубовна врска. Една љубовна осамна и денес на инстаграм-профилот кај актерот. Утрински бакнеж во Јанче, селото каде што тие подолго време престојуваат, повторно ги разнежни фановите на Џамбазов, кои му дадоа поддршка за љубовта. Калиопи им напиша „Утро за мерак“.

Неодамна Илина сподели фотка од нејзините родители, кои во кафеана беа на запознавање со Игор. Таа на шега тогаш напиша: „Исто,како од филмот ‘Запознај ги родителите’“.

 

 

Scroll to Top