Мина, ќерката на актерката Весна Бејби Петрушевска, е полуматурантка. Глумицата на социјалните мрежи објави неколку фотографии од сликањето за табло, и се пофали дека ќерка ѝ пораснала.
„Мина за алманах. Како лета времето. Полуматурантка на мајка“, напиша глумицата на сликите.
„Се сеќавам кога ѝ го славевме првиот роденден“, „Честитки за Мина“, се дел од коментарите што ѝ ги оставија пријателите.
Мина глуми исто како и нејзината мајка. Таа веќе глумеше во тинејџерската серија „Гласна куќа“, а има улога и во детскатата театарска претстава „Нашата љубов“.