(Фото) Весна Бејби се разубавува: „Зелено oди на сè“

Весна Бејби Петрушевска преку „Инстаграм“ ги покажа нејзините ритуали за убавина. Таа објави слика со маска на лицето па вели дека „зелено оди на сè“. Оваа порака на актерката фановите ги потсети на популарниот скеч на „К-15“ кои своевремено се шегуваа дека „тегет чорапа оди на сè“.

Инаку, Весна во моментов е актуелна со нејзината актерска школа „Петрушевска“. Откако летоска држеше часови на отворено за деца актери, таа најави дека од денес го почнува проектот „Учиме преку актерска игра“, во кој 12 талентирани деца ќе учат да глумат.

Scroll to Top