Пејачката Викторија Лоба на Инстаграм објави фотографија на која се гледа како позира пред огледало во хотел. На неа може да се забележи како пејачката се разубавува, а напишала ѝ дека си ја сака работата и дека е среќна девојка.
Минатиот месец пејачката беше многу активна на музички план. Таа минатата недела го промовираше заедничкиот сингл со Тајзи, „Каде сме ние“, а само неколку недели претходно и песната „Херои“.
Пејачката го подготвува својот нов албум, и како што рече за „Репортер“, ќе го промовира во текот на летото.