(Фото) „Внук ми е најсладок“ – Кили објави слика од бебето Аниш

Глумецот Кирил Поп Христов – Кили на „Фејсбук“ сподели слика од внукот Аниш Круз, син на неговата ќерка Јоана. „Внук мој најсладок“, напиша Кили покрај фотографијата на момчето што Јоана го роди пред осум месеци. Пријателите на Кили не штедеа комплименти, па освен што му напишаа дека сега е вистински дедо, му порачаа дека бебето е многу слатко, па дури и дека малку личи на него.

За потсетување, Кили долги години живееше на Еквадор со сопругата Гордана Деан поп Христова и ќерката Јоана. Тој прв објави дека Јоана ќе се мажи и тогаш велеше дека е пресреќен што ќерка му нашла маж што ја сака и заслужува. Пред неколку месеци тој се врати во Македонија, каде што повторно почна да работи во МНТ.

Scroll to Top