Фолк-пејачката Татјана Лазаревска вечера славеше роденден. Таа на интересен начин на својот фејсбук-профил објави колку години полни, а забавата била во еден ресторан во Малбурн, Австралија, каде веќе пет години живее со сопругот Новица и синовите Стефан и Петар.
Татјана неодамна ни кажа дека конечно си купиле свој дом, каде за Василица годинава се преселија. Таа во интервју за „Репортер“ раскажа дека во Австралија се среќни, каде таа покрај пеењето работи како воспитувачка во градинка, а Новица е возач на школски автобус. Татјана летово беше во Скопје заради свадбата на својата братучетка. Тогаш таа во разговор ни откри дека Новица сè уште не е дојден во Македонија.