(Фото) Заева со дечкото на Крф

Александра Заева, ќерката на премиерот Зоран Заев, е на летување во Грција на островот Крф. Таа е со нејзиниот дечко Иван Проданов, а се пофали на својот инстаграм-профил.

Покрај заедничката слика од Крф, таа сподели и фотографија на која е во бикини, па нејзините пријатели ѝ дадоа комплименти дека убаво изгледа.

Ќерката на премиерот Заев често споделува фотографии на социјалните мрежи. Таа и Иван подолго вереме се во љубовна врска. Освен од одморот во Грција, таа претходно сподели и фотографии од нивните заеднички патувања во Будимпешта и Виена.

 

Scroll to Top