Сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица, објави фотографија со новиот имиџ. Таа си ја осветли црната коса и сега има костенливо-медова боја. И овој пат нејзината фризура ја смени стилистот Драган Гоцев – Даци, кој со години се грижи за имиџот на Заева. Промената им се допадна на нејзините пријатели, кои коментираат дека со новата боја на коса таа изгледа помладо.
Тие велат и дека Заева се подмлади откако ослабе. Нејзиниот стилист пред неколку месеци објави слика од Зорица во фармерки и розова кошула и покажа дека е прилично ослабена. Оттогаш во јавноста таа може да се види и во полежерен стил, со фармерки, иако претходно, како сопруга на премиерот преферира класичен стил.