Викендов во Скопје се одржа пролетното издание на Модниот викенд. Љубителите на модата се собраа на едно место, во Националната универзитетска библиотека, каде на ревиите можеа да ги видат најновите модни трендови.
Меѓу присутните имаше и познати личности од јавниот живот во земјава, а меѓу нив, и ТВ водителот Жарко Димитриоски познат како Жаре од „Еден на еден“, кој беше со неговата девојка Марија.
Жаре веќе неколку години е во љубовна врска со Марија, и речиси секогаш се заедно на сите јавни случувања.
Освен Жаре, на Модниот викенд беа и поп-пејачките Викторија Лоба и Елена Петревска.