(Фото) Зоран Ванев со синот Ник навиваа за Македонија

Некогашниот македонски пејач Зоран Ванев кој веќе неколку години се занимава со медицина, вчера со неговиот син Ник го следеше ракометниот натпревар меѓу Швајцарија и Македонија, кој црвено-жолтите го добија со 25:23.

Ванев долго време живее и работи во Швајцарија и е голем љубител на ракометот. Тој се пофали и дека неговиот син е успешен ракометар во клубот Аmicita од Цирих.

Ник долго време тренира ракомет и е најдобар стрелец во клубот во којшто игра.

За потсетување, Зоран замина одамна во Швајцарија, а кај нас беше познат фолк-пејач. Тој во Швајцарија живее со неговата сопруга Лидија со која е во брак повеќе од 20 години.

Scroll to Top