Фронтменот на „Суперхикс“ промовираше нова група

Фронтменот на „Суперхикс“, Петар Младеновски, промовираше нова група, а ја објави и првата песна во панк рок стил „Земја на еден жител“.

Бендот носи име „Педро хорисонте“  и е трио, во кое, покрај Младеновски, членуваат и гитаристот Гога Поп Георгиевски и бившиот тапанар на „Ај кју“, Иво Митковски. Идејата за бендот е од поодамна, а Пеце Младеновски вели дека идејата ова е само почеток. Во план е наскоро да излезе и албум.

Scroll to Top