Фудбалерот Дарко Велковски стана татко, бебето доби име Ведран

Фудбалскиот репрезентативец Дарко Велковски стана татко. Неговата сопруга Тамара роди син и преку Инстаграм ја откри веста за раѓањето на бебето што ќе се вика Ведран.

Дарко, кој игра за хрватскиот клуб „Риека“, и Тамара, се венчаа пред Нова година. На свадбата во познат скопски ресторан беа само нивните најблиски, но и неколку фудбалери од репрезентацијата. Двојката долги години беше во врска. Лани во септември Тамара сподели слика од ултразвукот на бебето и јавно кажа дека е бремена.

Фудбалерот Дарко Велковски ќе стане татко, девојката Тамара е во петиот месец од бременоста

Scroll to Top