(Галерија) Аделина дотерана во „Диор“ на скијање во Банско

Пејачката Аделина Тахири е на зимување во Банско, Бугарија. Дотерана во „Диор“, таа го привлече вниманието со својот изглед. За зимувањето Аделина избрала две комбинации од модниот бренд. Кафена со леопард принт дополнета со иста чанта и чизми, и тегет комбинација од скијачко одело со зимски џемпер.

„Совршена во секој поглед“, „Каква мајка беше таа што те роди“, „Поубава си од природата“, се дел од коментарите што ѝ ги оставија на Инстаграм.

Аделина е во Бугарија со семејството, од каде што постојано објавува слики и видеа. Таа се пошегува и дека нејзиниот син Јон е маскота на зимувањето.

Scroll to Top