(Галерија) Агнеса Органџиева славеше роденден: Црна торта со кристали за познатата инфлуенсерка 

Агнеса Органџиева го прослави 39. роденденот во познат скопски локал.Журката беше тематска, црно -сребрена комбинација. Гостите ги пречекуваше со шампањ, имаше црна торта со кристали, и многу многу музика. Друшво и правеше водителката Марјана Станојковска, со која одамна се дружат.

dobivaj vesti na viber

Агнеса беше облечена во црн мини фустан со сребрени синџири, а околу неа беа поставени црно – сребрени балони на кои беше испишано „Една и единствена Агнеса“.

Агнеса, која важи за една од најпознатите инфлуенсерки кај нас, неодамна ги отвори вратите од нејзиниот дом за Репортер. Ни покажа каде живее и кои ѝ се омилените парчиња облека. Со ќерката Тифани ни раскажаа и за змијата Раја, кралски питон, која им е домашен миленик скоро една и пол година. За тоа кој ѝ го дал името Агнеса, во какви односи е денес со поранешниот маж и дали тој ѝ се извини за јавните навреди, како дозна за неговиот статус, но и за мажите што се плашат да ѝ пријдат, колку им попушта на ќерките, па ја убедиле дома да чуваат змија, каква мајка е, но и каква е кога ќе седне во кафеана… гледајте во видеото.

 

Scroll to Top