Ана Шутиноска радио-водителката и новинар од „Антена 5“ вчера се омажи со стоматологот Гордан Лазаревски. Таа наместо венчаница, носеше елегантни едноделни панталони со длабоко деколте, а младоженецот избра кафеав костум со црна кошула. Откако матичарот ги прогласи за маж и жена, Горан клекна на колена и ѝ ја стави бурмата на рака.
Сведок на свадбата беше сликарот Михаил Корубин, сопруг на Каролина Гочева. Тој и Горан се другари од деца, а и Каролина и Ана се дружат одамна.
Малата, интимна свадба се одржа во ресторан под падините на Водно. Освен семејствата на младенците, на свадбата присуствуваа колегите на Ана од радиото, но и луѓе од јавниот живот, блиски пријатели на двојката. Меѓу гостите беа и поранешниот водител од Метрополис радио Петар Ѓошев, актерката Весна Петрушевска, оперскиот пејач Ѓорѓи Цуцковски, радио-водителката Маја Казакова.
На свадбата на Ана и Горан пееше Ѓоко Танески, а музика пуштаа и диџеите од „Антена 5“ радио.
Ова е втор брак за Ана. Таа претходно беше омажена за својот колега од „Антена 5“, Горан.
Шутиноска е дел од тимот на радиото од неговото основање, а ги покрива светски музички настани кои радиото ги следи изминативе години.