(Галерија) Дадар и Живкица заедно во Њујорк

Познатиот шминкер Александар Дадар и водителката Живкица Каленикова се на одмор во Америка, а со нив е и сопругот на Живкица, бизнисменот Зоран Калеников. Деновиве тие постојано објавуваат слики и видеа од патувањето, од Менхетен и Бруклин, а го прославија и роденденот на Зоран во познат ресторан во Њујорк. Се прошетаа на најпопуларните туристички локации, пробаа локална храна, беа во студиото на „Ен-би-си“, се дружеа со нивни другари што живеат во Америка.

„Мали ноќни разговори“, напиша Живкица на една од сликите што ги објави на Инстаграм.

„Го истражуваме големото јаболко“, вели Дадар.

Дадар и Живкица се долгогодишни пријатели и соработници. Тие често го поминуваат времето заедно, а во минатото често одеа и на заеднички патувања. Тие пред неколку години беа во Мардид на конференција каде што ја запознаа Шакира.

 

 

Scroll to Top