Првиот натпревар на македонските фудбалери на Европското првенство се гледаше со многу емоции, песни и гласно навивање. Нема кој не им даде поддршка зашто ова е прв настап на репрезентативците на едно големо натпреварување. Едни навиваа од трибините во Букурешт, други од дома и од кафулињата. На социјалните мрежи се споделуваа фотографии и видеа, а имаше објави и од јавни личности.
Во Романија беа Панчо ДНК, пијанистот Симон Трпчески, Пеце Суперхикс. Претседателот Пендаровски натпреварот го гледаше со Дарко Панчев и со австрискиот амбасадор, а Хелена Роза навиваше од Нов Зеланд. Еве како навиваа македонските јавни личности.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram