Пејачката Туна Сејдиу со сопругот и синот беше на летување во Доминиканската Република. Таа на „Инстаграм“ сподели неколку слики од Пунта Кана, едно од најпопуларните места на островот. Пјачката не криеше дека ужива во одморот на егзотичниот остров.
Јавноста ја запозна Туна пред околу 15 години, кога се натпреваруваше во музичкото шоу „М2 потрага по ѕвезда“. Сними неколку албуми, па се повлече од сцената откако стана мајка. Пред една година во Македонската филхармонија одржа голема промоција на која го претстави новиот албум. Оттогаш често има настапи во Македонија, но и на Косово и во Албанија.