Глумецот и шоумен Игор Џамбазов денес слави роденден. Тој полни 57 години. Во негов стил, роденденот си го честита самиот на себе, а објави слика од едни од најпопуларните цигари во поранешна Југославија, Филтер 57.
„Хепи бртдеј ту ми“, напиша Џамбазов.
Роденденски честитки доби и од фановите, но и од познатите, кои споделуваат заеднички слики со глумецот на своите профили. Весна Бејби му посака годинава да му биде кума на свадба.
Џамбазов периодов е постојано во центарот на вниманието на јавноста поради неговата љубов со алпинистката Илина Арсова. Тие не кријат колку се заљубени и постојано објавуваат заеднички фотографии на Инстаграм.