(Галерија) Фолк-пејачката Татијана Стефановска славеше роденден на ќерката: Забава од џунглата за Ана

Фолк-пејачката Татијана Стефановска направи роденденска журка за првиот роденден на ќерката Ана. Со најблиските пријатели, тие роденденот го прославија во ресторан на Билјанини извори. Пејачката и нејзиниот маж, музичарот Митко Бежановски, избраа темата на забавата да биде џунгла, со зелено-бели и златни бои и многу кадифени животни.

Ана е прво дете на Татијана, која долго време се обидуваше да остане бремена. Таа бременоста ја криеше од јавноста, па дури откако се породи, објави дека станала мајка.

„Голем си Господе. Благодарни и должни сме ти до века. Ни се роди ќерка Ана. Господ секаде да дава ваква радост“, напиша тогаш Стефановска.

Scroll to Top